Хроника Го испрскала сопругот со солна киселина по лицето

Го испрскала сопругот со солна киселина по лицето

Жена на возраст од 43 години, жителка на кичевското село Брждани, доби кривична пријава од полицијата бидејќи со солна киселина го испрскала по лице својот сопруг.

Како што соопшти СВР Охрид, В.В. (43) се товари за телесна повреда, оти на 29 мај околу 15 часот при расправија со сопругот во нивната семејна куќа во Брждани го испрскала со хемикалијата и му нанела повреди на очите и на лицето.

Нему при приемот во Општата болница во Кичево му биле констатирани црвенило и отоци по целото лице, како и повреди на очите.