Македонија Главниот и одговорен уредник на МРТ, Диме Ратајковски, поднел оставка

Главниот и одговорен уредник на МРТ, Диме Ратајковски, поднел оставка

Главниот и одговорен уредник на „Македонската радио-телевизија“, Диме Ратајковски, поднел оставка од својата функција, потврдил за „Плусинфо“ извршниот директор на МРТ, Марјан Цветковски.

Ратајковски оставката до советот на МРТ ја поднел уште пред половина месец, а навел дека одлуката ја донел од лични причини.