Дописници Гимназиските професори од Охрид: Забраните создаваат лицемери и духовни инвалиди

Гимназиските професори од Охрид: Забраните создаваат лицемери и духовни инвалиди

Професорите кои штрајкуваат во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“, со јавен апел се обратија до родителите, учениците, колегите, сограѓаните и до целата македонска јавност, барајќи разбирање и слобода за самостојно одлучување.

– Не сакаме да бидеме ни виновници, ни сосила соучесници. Едноставно, сакаме слободно да се одлучиме. И се случи она од што најмногу се плашевме – дека браниме партиски бои, а всушност се побунивме против страшната суровост која нè обезличува како интелектуалци и луѓе со сопствени ставови. И разберете нè дека забраните само создаваат лицемери и духовни инвалиди – велат професорите кои штрајкуваат, откако се пожалија дека биле презентирани во една сосема поинаква конотација, преку изјавата на директорот на ова средно училиште, кој ги обвини дека зад нив, всушност, стои СДСМ.