Свет Европа Германското обвинителство го претресе седиштето на „Фолксваген“

Германското обвинителство го претресе седиштето на „Фолксваген“

Германското обвинителство денеска го претресе седиштето во „Фолксваген“ во Волфсбург во врска со мерењата со издувните гасови.

Во соопштението се наведува дека целта на претресот е да се „осигураат документи и уреди за складирање податоци“, што можат да идентификуваат вклучување во скандалот и да објаснат како дошло до тоа.

Со скандалот се опфатени околу 11 милиони автомобили во Европа и во САД.