Дописници Германската сликарка Габриеле Шафартцик изложува во Охрид

Германската сликарка Габриеле Шафартцик изложува во Охрид

Во организација на НУ „Завод и музеј“ од Охрид, од вечерва, со почеток во 20 часот, во галеријата „Робевци“, изложба ќе има германската сликарка Габриеле Шафартцик.

Нејзината колекција е избор на слики изработени во техниката масло на платно од најнов циклус наречен „Тера инкогнита“.

Габриеле Шафартцик е родена 1964 година во Бремен, Германија. Студирала на Универзитетот „Георг-Август“ во Готинген, Германија, и на Академијата за ликовни уметности во Краков, Полска.

Учествувала на меѓународни ликовни колонии во Албанија, Босна и Херцеговина, Египет, Индија, Косово, Македонија, Црна Гора и во Турција. Нејзини дела се наоѓаат во јавни и во приватни колекции во Германија и во други земји.

Делата на Габриеле Шафартцик ќе бидат изложени сè до 16 јуни.