Свет Балкан Германската канцеларка Ангела Меркел утре пристигнува во Белград

Германската канцеларка Ангела Меркел утре пристигнува во Белград

Германската канцеларка Ангела Меркел утревечер пристигнува во Белград, каде што е предвидено да се сретне со српскиот премиер Александар Вучиќ.

Меркел ќе допатува од Тирана, од каде ја почна мини-турнејата на Западен Балкан.

Заради безбедноста на германската канцеларка, на улиците ќе бидат присутни 2.000 полицајци, пишува српски „Блиц“.

Во Белград, пристигнале и припадниците на германската Сојузна известувачка служба.

Свечениот пречек ќе биде приреден пред палатата „Србија“.