Македонија Германска амбасада: Го поздравуваме договорот и очекуваме брзо спроведување

Германска амбасада: Го поздравуваме договорот и очекуваме брзо спроведување

Германската амбасада вечерва го поздрави договорот на партиите и соопшти дека очекува брзо спроведување на одлуките.

– Го поздравуваме (декларативниот) договор постигнат од  партиите и сега очекуваме брзо спроведување на одлуките. Времето до изборите е кратко, а фер услови за сите ќе има само доколку сè што е договорено се спроведе на дело – велат во дописот до „Мета“ од германската амбасада.