Свет Европа Германија: Претрес во станови на четири муслимански свештеници

Германија: Претрес во станови на четири муслимански свештеници

Германските власти соопштија дека денеска претресле станови на четири муслимански свештеници осомничени за шпионирање на противници на турската влада.

Германското обвинителство соопшти дека утринската акција била изведена за собирање докази и дека засега никој не е уапсен.

Неименуваните свештеници се сомничат дека ги шпионирале приврзаниците на проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и кого турската влада го обвини за организирање на минатогодишниот обид за државен удар.

Обвинителството соопшти дека четворицата свештеници се поврзани со Турско-исламската унија за религиски прашања, една од најголемите исламски организации во Германија, но одбија да откријат повеќе детали.