Свет Германија предлага азил во цела Европа

Германија предлага азил во цела Европа

Германија предлага бегалската криза да се репи со одобрување азил на цела територија на ЕУ и да се врши нивна праведна распределба, соопштија властите во Берлин.

Во германскиот предлог, од десетте точки се наведува дека на Европа и е потребен единствен систем за управување си границите, кој не се однесува само на заштита на границите туку веќе и на одговорност при регистрирањето и прифаќањето на пристигнатите бегалци.

Во нацрт-предлогот, кој го потпиша германскиот вицеканцелар и министер за стопанство и енергетика, Зигмар Габриел и министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, се наведува дека приемот на бегалците ширум ЕУ мора се да одвива во услови достојни за човекот.

Министрите истакнуваат дека се потребни единствени стандарди внатре во ЕУ, кои ќе се применуваат на секој членка.

Во предлогот се наведува дека итно мора им се пружи поддршка на земјите на ЕУ кои во моментов го носат сиот товар.
Во документот се наведува дека Медитеранот не смее да биде масовна гробница за очајни бегалци, како и оти ставува збор за заветот на хуманост на Европа и за европската идеја за човекот во целост.

Предвидена е сеопфатната европска политика кон бегалците да опфаќа и сузбивање на причините поради кои лицата ги напуштаат земјите од Блискиот Исток и Африка, стабилизирање на тие држави и запирање на насилствата и војните.