Свет Европа Германија покрена истрага против поранешниот директор на „Фолксваген“

Германија покрена истрага против поранешниот директор на „Фолксваген“

Германското обвинителство отвори истрага против поранешниот директор на „Фолксваген“, Мартин Винтеркорн, поради скандалот во кој се најде компанијата поради лажирање податоци за издувните гасови на возилата.

Во соопштението се додава дека истрагата има цел да утврди кој е одговорен. Во обвинителството пристигнале повеќе кривични пријави, меѓу кои и една што се однесува на фирмата „Фолксваген“, а во која се наведуваат имињата на осомничените.

„Фолксваген“ минатата недела призна дека 11 милиони негови возила се опремени со софтвер кој лажно прикажува податоци за издувните гасови.
Вредноста на компанијата по скандалот опадна за 30 отсто.