Свет Европа Германија ќе издвои шест милијарди евра за бегалците

Германија ќе издвои шест милијарди евра за бегалците

Германската влада соопшти дека следната година ќе потроши шест милијарди евра за помош на неколку стотини илјади бегалци, кои, како што се проценува, ќе дојдат во земјата.

Владејачката коалиција во Германија синоќа, на состанок во Берлин, договори да воведе законски мерки за полесно депортирање на поднесувачите на барање за азил, кои доаѓаат од земји кои не се погодени од војна и се со „сигурно потекло“, како што се Црна Гора, Косово и Албанија.

Поднесувачите на барање за азил во иднина ќе добиваат помалку пари и ќе имаат помалку бенефиции.

Германските претставници неодамна предвидоа дека до крајот на годината ќе стигнат речиси 800.000 мигранти, меѓу кои повеќето бегалци кои бегаат од војна и од прогон во Сирија, Ирак и во Еритреја. Пакетот помош на германската влада вклучува подобрување на сместувањето, присуство на полицијата и часови по германски јазик.