Македонија Германија бара да продолжи спроведувањето на Договорот, цензусот бил премногу висок

Германија бара да продолжи спроведувањето на Договорот, цензусот бил премногу висок

Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефан Зајберт изјави дека големата поддршка на референдумот е причина повеќе за продолжување на Договорот, иако излезноста била мала, пренесува „БТА“.

Според Зајберт, важно е да се продолжи со поддршката на спроведување на Договорот, кој, како што рече, претставува историска можност за надминување на една пречка во односите на Македонија со НАТО и ЕУ.

Портпаролот на Меркел посочува дека цензусот од 50 проценти, што не бил постигнат, е премногу висок, бидејќи избирачките списоци вклучуваат многу луѓе кои одамна ја напуштиле земјата