Свет Европа „Газпром“ ја сопре испораката на гас за Украина

„Газпром“ ја сопре испораката на гас за Украина

Руски „Газпром“ утринава ја сопре испораката на гас за Украина до добивањето на новиот аванс, изјави директорот на компанијата, Алексеј Милер.

– Денеска, во 10 часот наутро (седум часот според Гринич), „Нафтогаз Украина“ го искористи тоа што претходно го плати. Новиот аванс не стигна – изјави Милер.

Тој рече дека „Нафтогаз Украина“ не најавил нова исплата.
– Испораката на гас сопира до доаѓањето на исплатата на новиот аванс – рече Милер.

„Газпром“ претходно од „Нафтогаз Украина“ доби 454 милиони долари во рамки на „зимскиот пакет“ и испорача две милијарди кубни метри гас.