Свет Европа „Газпром“: Европа ќе се соочи со недостиг од гас во 2025 година

„Газпром“: Европа ќе се соочи со недостиг од гас во 2025 година

Европа ќе се соочи со дефицит на гас од вкупно 50 милијарди кубни метри во 2025 година поради намалување на производството на природен гас, рече заменик-претседател на „Газпром“, Александар Медведев.

– Сонувачите во Вашингтон тешко дека ќе бидат во можност да обезбедат повеќе од 50 милијарди кубни метри гас до Европа годишно – рече Медведев.

Тој додаде дека околу 50 милијарди кубни метри увозен дефицит не е покриен со договори и нема транспортни рути за испраќање гас за Европа.