Свет Габриел: Берлин и Анкара да го обноват пријателството чекор по чекор

Габриел: Берлин и Анкара да го обноват пријателството чекор по чекор

Шефот на германската дипломатија, Зифмар Габриел, изјави дека Германија и Турција треба чекор по чекор да ги обноват пријателските односи.

Изјавата следува откако турските власти ја обвинија Германија за нацистичка практика.

– Нема алтернатива на дијалогот. Единствено така, чекор по чекор, имаме можност да ги вратиме нормалните односи и пријателството меѓу Германија и Турција – рече Габриел по состанокот со турскиот колега Мевлут Чавушоглу.

Односите меѓу Берлин и Анкара со месеци се влошени, а дополнително се затегнаа откако германските власти откажа три собири на турската заедница за промовирање на референдумот за воведување претседателски систем во Турција.