Технологија Гаџети Нов проѕирен паметен телефон „фајрфокс“

Нов проѕирен паметен телефон „фајрфокс“

Нов паметен телефон, наречен Fx0, што работи на оперативниот систем „фајрфокс“, излегува на Божик во Јапонија. Она што го прави уникатен и го издвојува од другите паметни телефони е фактот што куќиштето му е транспарентно.

Телефонот е дело на партнерство помеѓу „Мозила“ и јапонскиот телекомуникациски гигант KDDI. Ова е првиот паметен телефон што работи на платформа „фајрфокс“, кој има карактеристики на повеќето такви телефони на пазарот, какo 4Г и НФЦ.
Во однос на спецификациите, има 4,7-инчен екран, процесор од 1,2 гигахерци со двојно јадро, и скромна батерија од 2,370 милиампер-часови. Дизајнот е транспарентен бидејќи сакале да ја прикажат „отвореноста, слободата и транспарентноста“ на „Мозила“.

Fx0 ќе има продажна цена од 420 долари во Јапонија, но сè уште не се знае кога ќе стигне на пазарот во Европа и во САД.