Македонија „Фјучр ком 2015“ – работилница по повод Светскиот ден на телекомуникациите

„Фјучр ком 2015“ – работилница по повод Светскиот ден на телекомуникациите

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја организира работилница „Фјучр ком 2015“ (FutureCom2015) по повод Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество – 17 мај.

На работилницата предавања ќе одржат професорот Јан Акјилдиз од американскиот универзитет „Џорџиа тек“ од Атланта, како и најдобриот млад научник за 2014 во Македонија, м-р Даниел Денковски.

Целта на втората работилница е да се разменат идеи и да се развие дискусија за развојниот тренд и за пазарот на телекомуникациите.