Свет Фронтот Ал нусра најави офанзива во Сирија

Фронтот Ал нусра најави офанзива во Сирија

Сирискиот разгранок на Ал каеда, Фронтот Ал нусра, најави дека во следните 48 часа ќе почне офанзива во Сирија откако Русија, која е сојузник на режимот, ја повлече својата армија, соопшти командант на терористичката организација.

– Јасно е дека Русија претрпе пораз и во рок од 48 часа Фронтот Ал нусра ќе почне офанзива во Сирија – изјави неименуваниот командант.

Ал каеда загуби голем дел од регионите што беа под нејзина контрола откако Русија на 30 септември минатата година почна воздушни напади врз позициите на ИД во Сирија.