Македонија ФРОДЕМ: Власта панично им се додворува на селектирани буџетски категории

ФРОДЕМ: Власта панично им се додворува на селектирани буџетски категории

Режимот, панично, по итна постапка, наложи и донесе закон за зголемување на додатоците во правосудството. Сега, кога врхушката го губи тлото под нозете, очајно се обидува да се додвори на селектирани буџетски категории, реагираат од ФРОДЕМ на предлог-законот за плати на обвинителите.

„Судиите и обвинителите наеднаш му станаа важни на режимот. Досега ги заплашуваше, отсега божем ќе ги наградува. Цинично, сега, во 12 часот и 5 минути, наеднаш почна да ја цени сложеноста на нивниот труд. ФРОДЕМ потсетува дека постојат домашни закони и ратификувани меѓународни конвенции, кои ќе бидат дополнети, со кои пречекорувањата и злоупотребите на службените овластувања се казнуваат со драконски казни, особено ако се сторени во контекст на избори и при судски постапки. Покрај строгите затворски казни, санкциите предвидуваат и конфискување на целокупниот семеен имот. Службениците, функционерите, судиите и сите што ќе прифатат да се стават во криминално-партиска функција, треба да разберат дека времињата се драстично променети. Веќе нема да има провлекувања и нема да има врски. Големо зло е направено. Тие, пак, што под закана го кршеле законот, треба да бидат ослободени од гонење“, велат од ФРОДЕМ.

Од ФРОДЕМ додаваат дека сите чесни службеници кои професионално си ги вршат работните задачи не смее никој, а особено опозицијата, да ги прераспределува. Од партијата порачуваат дека македонските поделби и реваншизми дефинитивно треба да престанат.