Хроника Фрлен молотов коктел во локал во Тетово

Фрлен молотов коктел во локал во Тетово

Непознат сторител, утрово околу 4 часот, фрлил молотов коктел на улицата ЈНА во Тетово, кај угостителскиот објект „Бар код“, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, во случајот нема повредени лица, а била причинета материјална штета.

Полициска екипа извршила увид на местото и презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.