Македонија „Фридом хаус“: Македонија е делумно слободна земја

„Фридом хаус“: Македонија е делумно слободна земја

„Фридом хаус“ соопшти дека минатата година бил забележан „вознемирувачки“ пад на слободата, а според нив, најмалку слободна земја е Сирија, додека руската инвазија врз Украина е оценета како удар по демократијата.

Во годишниот извештај, под наслов „Отфрлање на демократијата: Враќање на железната тупаница“, се вели дека зголемениот број терористички напади и интензивирањето на агресивните тактики што ги употребуваат авторитарните режими придонеле за пораст на презирањето на демократските стандарди во речиси сите региони во светот.

Во извештајот, Македонија е во групата делумно слободни земји. Македонија бележи пад во оценката за политичките слободи во однос на претходниот извештај на оваа водечка организација за следење на демократијата во светот. Што се однесува до граѓанските слободи, Македонија ја задржа истата оценка, односно тројка. Во групата делумно слободни земји се, меѓу другите, и Босна и Херцеговина, Косово, Украина, Молдавија. Од регионот во групата слободни земји се Србија, Хрватска и Црна Гора.