Хроника Фрацузин се обидел да поткупи полицаец, добил две години условна казна

Фрацузин се обидел да поткупи полицаец, добил две години условна казна

Француски државјанин вчера бил приведен на граничниот премин Меџитлија, на македонско-грчката граница, откако се обидел да поткупи полицаец, ставајќи 20 швајцарски франци во пасошот што го дал за контрола.

Според полицијата, станува збор А.К. (39), кој се обидел да го поткупи полицаецот за да му дозволи да влезе во Македонија со своето воизло за кое немал зелен картон.

Полицијата, против него, поднела кривична пријава за давање поткуп и го предала на судија на претходна постапка. Тој му изрекол казна затвор од шест месеци, односно условна казна од две години. По плаќањето на глобата, францускиот државјанин бил пуштен на слобода.