Свет Европа Француската полиција сè уште трага по тигарот

Француската полиција сè уште трага по тигарот

Француската полиција вооружена го бара тигарот

Со шок-пиштоли и со помош на хеликоптер, голем број француски полицајци денеска цел дена го бараат тигарот што вчера изутрината бил забележан во близина на Париз. Властите издадоа соопштение жителите од таа област да не излегуваат од своите домови.

Надлежните сè уште не знаат од каде се појавил тигарот.

Тигарот бил забележан во Монтеврен, кој се наоѓа во близина на Дизниленд, но сопствениците тврдат дека не чуваат тигри во популарниот парк.