Македонија Француската амбасада во Скопје побарала засилено полициско обезбедување

Француската амбасада во Скопје побарала засилено полициско обезбедување

МВР ја зголемило безбедноста врз Амбасадата на Франција во земјава. Ова за телевизија „Телма“ го потврдуваат од министерството, од каде поради безбедносни причини не можат да кажат повеќе детали.

Амбасадата побарала дополнителни безбедносни мерки, а министерството соодветно одговорило на сè што е побарано. Ова е единствената амбасада која засега побарала какво било обезбедување по засилените вербални напади, но и морничави фотографии со некролози кои се појавија на социјалната мрежа „Имгур“.

„Телма“ информира дека денеска се обидела да дознае кои македонски амбасадори биле повикувани во матичните земји на амбасадорите и од кои било барано да дадат објаснување што се случува со безбедноста на нивните претставници тука, но не добила одговор од МНР.

Официјално досега во МВР никој не побарал истрага за објавувањето на сликите.