Свет Европа Франција затвора четири џамии поради ширење радикализам

Франција затвора четири џамии поради ширење радикализам

Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, наложи да се затворат четири џамии во парискиот регион.

Оваа мерка е наложена затоа што џамиите пропагирале радикална идеологија. Десетина џамии беа затворени во Франција по нападите изведени во Париз во ноември 2015 година.

Министерството не прецизираше кои џамии ќе бидат затворени, но наведе дека тие се источно, западно и северно од француската престолнина.

„Под превезот на верата, на тие места се одржуваат состаноци кои, всушност, имаат цел да промовираат радикална идеологија“, се вели во соопштението.

Вонредната состојба која е на сила во Франција, овозможува затворање на верски објекти во кои проповедањето може да предизвика омраза, насилство и терористички дела.