МНР: Македонските граѓани час поскоро да ја напуштат Русија поради прекинот на комерцијалните летови

-

Со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија, за затварање на Европскиот воздушен простор за Руските авиопревозници, апелираме нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сѐ уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија.

МНР исто така ги повикува сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата.

Од министерството нагласуваат дека одблиску ги следат состојбите, и се во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници, со кои на дневна основа разменуваат информации и анализи за актуелните состојби.

За поддршка на државјаните на Северна Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, стојат на располагање следните телефонски броеви на Амбасадата: + 74 99 124 33 57 (фиксен) и + 79 58 643 34 63 (мобилен), како и е-mail: [email protected] и [email protected]

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]

„Воедно ги известуваме сите нашите граѓани, кои се наоѓаат во или надвор од нашата држава, да ги следат и да се информираат само од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва“, нагласуваат од МНР.

Министерството за надворешни работи уверува дека ќе продолжи да ги следи состојбите во Русија и навремено ќе информира за евентуални дополнителни насоки за постапување на нашите државјани.

Цените на автобуските билети за меѓуградските линии и натаму „солени“, компаниите нема да ги намалат

Цените на автобуските билети за меѓуградските линии во Северна Македонија остануваат високи и недостижни за многу граѓани. Најпогодени се студентите, кои велат дека цените се „солени“ и бараат намалување...