Свет Европа Франција: Заложничка драма во градот Рубе

Франција: Заложничка драма во градот Рубе

Заложничка драма се одвива во северниот француски град Рубе, а неколку лица добиле прострелни рани, јавува новинската агенција „Ројтерс“, цитирајќи медицински извори.

Телевизијата „Ер-Те-Ел“ јавува дека полицијата го опколила местото, а се слушаат и истрели.

Весникот „Ла Ва ду Норд“ јавува дека киднаперите се вооружени со пушки „калашников“. Очевидци велат дека инцидентот почнал околу седум часот по локално време, на бензинска пумпа.

Засега не се знае дали киднаперите се поврзани со нападите во Париз од 13 ноември.

– Во тек е полициска операција, која почна откако беа земени заложници. Има истрели, а соседството е опколено од полицијата. Директор на банка и неговото семејство веројатно се заложници – соопшти полицискиот извор на „Ројтерс“.