Свет Свет Франција: Тројца загинати во лавина на Алпите

Франција: Тројца загинати во лавина на Алпите

Три лица загинаа, а едно се наоѓа во критична состојба по лавина на француските Алпи, јавува „ОЕ24“.

Настраданите биле членови на група скијачи од 11 лица, од кои седум успеале да се спасат.

Новинската агенција АФП јавува дека настраданите се Австријци, но шпанската агенција ЕФЕ јавува дека двајца од загинатите се Австријци, а третиот е Италијанец.