Свет Европа Франција: Рација против џихадистите

Франција: Рација против џихадистите

Француската полиција изврши рација на повеќе локации во земјата и разби мрежа за праќање џихадисти во борбата против Сирија.

Елитните антитерористички единици извршија рација на десетина локации, повеќето на југот на земјата околу Тулуз, но и на поширокото подрачје на Париз и во северната покраина Нормандија.

Засега не е познато колку луѓе се уапсени во акцијата.

Се проценува дека во Франција, во која живеат најмногу муслимани во споредба со која било друга европска земја, досега кон џихадистите се приклучиле околу 1.000 француски државјани.