Свет Европа Франција: Поранешни војници се приклучиле на џихадистите

Франција: Поранешни војници се приклучиле на џихадистите

Десетина поранешни француски војници, повеќето од нив поранешни членови на елитните единици и на Легијата на странци, им се придружиле на џихадистите во Сирија и во Ирак, соопштија извори од француското министерство за одбрана.

– Проценивме дека десетина поранешни војници се приклучиле кон овие мрежи… Наша грижа не се поранешните војници…, туку да се спречи феноменот на радикализирањето на нашите сили – изјави извор од министерството за одбрана, кој побара да остане анонимен.

Министерот за одбрана Жан-Ив Ле Дриан засега директно не ги коментира ваквите информации.

– Станува збор за особено ретки случаи, во кои поранешни војници се приклучуваат кон џихадистите – рече Ле Дриан.