Свет Европа Франција: Одземени пасоши на џихадисти кои сакале да заминат за Сирија

Франција: Одземени пасоши на џихадисти кои сакале да заминат за Сирија

Француските власти им ги одзедоа пасошите на шест државјани кои, наводно, планирале да им се придружат на џихадистите во Сирија.

Министерот за внатрешни работи, Бернар Казенев, соопшти дека тајните служби се уверени дека мажите планирале да им се приклучат на силите на Исламска држава.

Одземањето на патните исправи е дел од антитерористичките мерки што Франција ги воведе во ноември минатата година.