Свет Европа Франција ја замени вонредната состојба со закон против тероризам

Франција ја замени вонредната состојба со закон против тероризам

Во Франција денеска на сила стапи законот против тероризам што ќе ја замени вонредната состојба, која трае 719 дена.
Вонредната состојба беше прогласена пред речиси две години, по нападот од 13 ноември, а законот против тероризам беше изгласан на 18 октомври годинава.

Законот ѝ дава зголемени овластувања на полицијата во спроведување на истрагите, можност за затворање верски објекти и за ограничување на движењето на лицата кои се поврзани со екстремисти.

Законот е еден од трите ветени закони на претседателот на Франција, Емануел Макрон, за време на предизборната кампања. Другите два закони се однесуваат за нормализирање на политичкиот живот и на либерализација на постојниот закон за работни односи.