Свет Европа Франција: Идентификуван убиецот на полицајката од Монруж

Франција: Идентификуван убиецот на полицајката од Монруж

Полицијата го идентификуваше лицето што во вчерашната престрелка ја уби полицајката во Монруж, на југот на Франција. Приведени се две лица блиски до осомничениот.

Француските власти повеќепати истакнаа дека убиството на полицајката во Монруж не е поврзано со терористичкиот напад на „Шарли ебдо“.

Сепак, весникот „Фигаро“ истакнува дека иако нападите не се поврзани, лицето што ја уби полицајката и браќата Куаши ѝ припаѓаат на иста џихадистичка група.