Свет Европа Франција апелира Еверите да не ја напуштаат земјата

Франција апелира Еверите да не ја напуштаат земјата

Францускиот премиер Маниел Валс денеска соопшти дека Франција не сака иселување на француските Евреи и изрази жалење поради изјавата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, кој ги повика европските Евреи да се доселат во Израел.

– Мојата порака до француските Евреи е следна: „Франција е ранета исто како и вие, Франција не сака да си заминете. Таа уште еднаш ви ја испраќа својата љубов, потпора и солидарност“ – рече Валс еден ден по осквернувањето на повеќе од стотина еврејски гробови на истокот на земјата.

Валс ги повика и претставниците на исламот во Франција да преземат одговорност за да се победи „исламскиот фашизам“.

– За да го победиме исламскиот фашизам, затоа што токму така треба да се нарече, единството треба да биде наша сила. Не треба да се препуштиме на страв и да се поделиме – рече Валс.