Свет Свет „Форбс“: Путин е најмоќниот човек на светот

„Форбс“: Путин е најмоќниот човек на светот

На листата на „Форбс“ се најдоа лидери на 17 држави

Втора година по ред, рускиот претседател Владимир Путн е избран за најмоќна личност во светот на листата што ја прави влијателното списание „Форбс“. Путин се наоѓа пред претседателот на САД, Барак Обама, кој го освои второто место, и пред кинескиот претседател, Кси Гинпинг, кој е трет на листата. Германската канцеларка Ангела Меркел е петта најмоќна личност и прва најмоќна жена во светот, а папата Франциск е на четврто место. Дејвид Камерун, британскиот премиер, ја заокружи големата десетка на светски моќници.
Помеѓу првите десет најмоќни луѓе во светот се најдоа и коосновачот и генералниот директор на „Гугл“, Сергеј Брин и Лари Пејџ, кои го делат деветото место, како и основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, и Џенет Јелен, претседателката на Федералните резерви на САД.
Интересно е што на оваа листа, на 54. место, се појави и Ирачанецот Абу Бакр ал-Багдади, кој е на чело на џихадистичката група Исламска држава.
На листата која има 76 личности се наоѓаат само девет жени, 26 се Американци, 19 се Азијати, 17 лидери на држави, 29 милијардери и 39 претседатели на компании.