Економија Фондот за иновации ќе поддржи проекти, во вредност од 1,3 милион евра

Фондот за иновации ќе поддржи проекти, во вредност од 1,3 милион евра

Фондот за иновации, преку кофинансирани грантови ќе поддржи проекти на компаниите во вредност од 1,3 милион евра.

Вкупниот буџет, за чијашто распределба е објавен втор повик, е распределен на три инструменти, а заинтересираните компании може да аплицираат до 21 октомври.

На овој повик има можност да аплицираат и не толку нови претпријатија, бидејќи преку инструментот за комерцијализација на иновации се финансираат поголеми проекти во понапредна фаза.

Со првиот повик објавен од Фондот за иновации и технолошки развој беа избрани 16 старт ап и спин оф претпријатија, кои веќе работат на развој на иновативни проекти.

За нив беа обезбедени 460.000 евра од Фондот. Најголем дел од апликациите и проектите што се финасираа досега беа од ИТ индустријата, но Фондот финансира проекти од кој било сектор и индустриска гранка.