Македонија Фондацијата Метаморфозис потпиша договор со Агенцијата за заштита на лични податоци

Фондацијата Метаморфозис потпиша договор со Агенцијата за заштита на лични податоци

Фото: Фондација Метаморфозис

Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) и Фондацијата Метаморфозис во петокот потпишаа договор за пренос на едукативна веб-страница, која ќе се развие во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, спроведуван од Метаморфозис и Конект, а поддржан од Европската унија.

Оваа веб-страница ќе содржи различни видови ресурси поврзани со заштита на личните податоци и ќе им нуди можности и на граѓаните, и на контролорите да го проверат и да го унапредат своето знаење на темата. По завршувањето на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, веб-страницата ќе биде преземена од Агенцијата за заштита на лични податоци.

Со склучувањето на овој договор, Фондацијата Метаморфозис и Агенцијата за заштита на личните податоци повторно ги афирмираат своите заложби за обезбедување заеднички придонес во промовирањето и унапредување на заштитата на личните податоци на граѓаните.