Свет Балкан „Фокус“: Веста за прислушувањето на Борисов и на Расмусен беше првоаприлска шега

„Фокус“: Веста за прислушувањето на Борисов и на Расмусен беше првоаприлска шега

Бугарската новинска агенција „Фокус“ вечерва објави дека е првоаприлска шега веста за прислушувањето на бугарскиот премиер и на поранешниот генералниот секретар на НАТО за време на нивните посети во Скопје.

„Денеска објавивме вест поврзана со најактуелниот скандал, прислушувањето. Се пошегувавме дека бугарскиот премиер Бојко Борисов и поранешниот генерален секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, биле прислушувани за време на посетите на Скопје“, пишува „Фокус“.

Агенцијата наведува дека веста е пренесена од повеќе бугарски, регионални и светски медиуми, а истата предизвикала и загриженост кај бугарските институции, кои веднаш ја контактирале за повеќе детали.