Свет Европа Финците не сакаат во НАТО – не е вистинско време!

Финците не сакаат во НАТО – не е вистинско време!

Финскиот министер за финансии, Анто Рине, изјави дека смета оти не е вистинско време Финска да влезе во НАТО.

– Според мое мислење, апсолутно е јасно дека во моментов Финска не траба да се кандидира за членство во НАТО. Сметам дека членството во Алијансата би го зголемило ризикот во нејзината безбедносна политика – рече Рине, додавајќи дека како независна држава,Финска е во состојба да носи независни одлуки за својата безбедносна политика во согласност со глобалните услови.

Според последната анкета на финскиот весник „Хелсингин саномат“, 54 отсто од Финците веруваат дека влегувањето во НАТО е особено лоша идеја, дури и во случај Шведска да донесе одлука да влезе во Алијансата.

Околу 72 отсто од Финците сметале дека доколку се покрене ова прашање, за него треба да се изјаснат на референдум.