Видео Филм за југословенската повоена кошаркарска репрезентација

Филм за југословенската повоена кошаркарска репрезентација

Вистински спортски настани повторно ќе се овековечат на големото платно, преку продукцијата што стои зад успешниот проект наречен „Монтевидео“. Овојпат приказната е посветена на југословенската кошарка.

Филмот „Ќе бидеме светски прваци“ ја следи приказната за четворицата великани на југословенската кошарка: Бора Станковиќ, Радомир Шапер, Небојша Поповиќ и Александар Николиќ од 1945 до 1970 година и освојувањето на титулата светски шампион во Љубљана.