Подглавна секција „Филипс“ нема летна распродажба на тримери за 61 денар

„Филипс“ нема летна распродажба на тримери за 61 денар

На вистинската Фејсбук страница на Philips , која во моментот на пишување на овој текст е лајкната од 11 милиони луѓе, нема никаква промоција на тример за 61 денар

Фото: Исечок од рецензираниот Фејсбук пост

Лажна Фејсбук страница на социјалната мрежа Фејсбук го злоупотребува логото на „Филипс“, со цел да се промовира на што повеќе корисници на социјалната мрежа и да ги извлече нивните лични податоци, за потоа истите да ги искористи за некаква измама, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Објава на Фејсбук го споделува следното:

💥Неверојатна понуда! 😮 Тример Philips Norelco само за 61 MKD! 😍😱 Приказна за паметење: Залезете во драстични намалувања на галактичкиот фестивал на тримери! 🚀🎉Притиснете “Нарачајте сега” под фотографијата! 💯🔥

Во склоп на постот објавена е фотографија од спакувана кутија со тример, заедно со обележаната цена. Во описот на постот се наведува попустот и има инструкции за тоа како да се купи.

Ова се споделува од Фејсбук страница „Летна Распродажба“, а под објавата има пофални коментари за производот од личности кои имаат слаба активност на платформата. Во некои од нив, на пример, пишува:

Тримерот вистински е сјајен, долго време барам нешто точно такво. Батеријата трае долго, идат и различни прилоги. Определено ќе го препорачам на сите. Сепак, мислам дека оваа понуда нема да трае долго.

Го порачав за мојот сопруг, беше испорачан во рок од 3 дена и испораката беше бесплатна! Мојот сопруг е многу задоволен, го користи веќе 3 дена и вели дека никогаш претходно не користел нешто толку добро!

Супер можност! Им се порачаа 2 парчиња за мене и мојот брат. Овој квалитетен тример се справува со својата задача на 100%. Испораката траеше само 4 дена.

Самата страница содржи само еден пост и во моментот на пишувањето на овој текст е лајкната од 8 и заследена од 9 профили. Всушност, станува збор за лажна промоција во којашто името и логото на овој бренд се злоупотребени со цел да се извлечат што е можно повеќе податоци од корисниците на социјалната мрежа.

Тоа што може да се забележи кога ќе се кликне „копчето“ за нарачка е дека страницата се маскира како да е познатата американска онлајн продавница Amazon.com, но има URL – megalized.com. Цената на тримерот на оваа страница е 123 денари.

Но, интернет страницата Амазонamazon.com, нема никаква конекција со ова URL – megalized.com

Исто така, на вистинската Фејсбук страница на Philips , која во моментот на пишување на овој текст е лајкната од 11 милиони луѓе, нема никаква промоција на тример за 61 денар.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.