Македонија Филипче во видео-обраќање: Вaкцинацијата ќе биде безбедна, граѓаните да не подлегнуваат на...

Филипче во видео-обраќање: Вaкцинацијата ќе биде безбедна, граѓаните да не подлегнуваат на дезинформации

Архивска фотографија, Венко Филипче по средбата на Советот за безбедност кон крајот на октомври | Автор: Арбнора Мемети

Министерот за здравство Венко Филипче во видео-обраќање им порача на граѓните дека вакцините за коронавирусот се безбедени, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата.

Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини за да се вакцинира од 60 до 70 проценти од населението, колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет.

„Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите,” истакна Филипче.

Тој вели дека се шират голем број на дезинформации и лажни вести на кои граѓаните не треба да подлегнуваат, а вакцинацијата ќе биде целосно безбедна.