Македонија Филипче: Во болницата во Куманово има доволно кадар и опрема, се работи...

Филипче: Во болницата во Куманово има доволно кадар и опрема, се работи непречено

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети болницата во Куманово за да направи увид во работењето и капацитетите. На состанокот со менаџментот тој потврдил дека болницата работи непречено и дека организацијата на работата е добра.

„Откако 18 вработени се дијагностицирано со Ковид-19, направена е реорганизација на работата и сега болницата работи непречено. Од пред неколку денови во поддршка на вработените на инфективното оделение дојдоа двајца лекари од Штип и од Скопје со што капацитетите се задоволени. Во кумановската болница има вкупно 700 вработени и покрај 18 кои се заболени од Ковид-19 нема друг персонал кој е во самоизолација. Директорката на болницата го информираше министерот дека располага со сосема доволен број на заштитна опрема и истата се надополнува постојано,“ информираат од Министерство за здравство.

Од таму потенцираат дека, доколку следниот период има потреба од дополнителна поддршка во однос на ресурси, итно ќе се реагира.