Македонија Филипче: Матичните лекари ќе помагаат во болницата во Прилеп, засега нема потреба...

Филипче: Матичните лекари ќе помагаат во болницата во Прилеп, засега нема потреба од нови мерки

Архивска фотографија, Венко Филипче по средбата на Советот за безбедност кон крајот на октомври | Автор: Арбнора Мемети

Министерот за здравство Венко Филипче денеска беше во посета на Прилеп, каде со градоначалникот Илија Јованоски разговараа за актуелната епидемиолошка состојба во градот.

Тој посочи дека во Прилеп нема потреба да се воведуваат дополнителни рестриктивни мерки, бидејќи вака како што се димензионирани мерките давале резултат.

„Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок ја анализираше состојбата за Прилеп, но и за сите останати градови низ дражавата и заклучокот е дека нема потреба од воведување на нови или дополнителни мерки. Со затворени угостителски објекти после 21 часот, забрана на групирање во текот на 24 часа постепено се олабавува ситуацијата, па затоа заеднички заклучивме дека нема потреба за дополнителна рестрикција, бидејќи не би имала некаков позначаен ефект од тоа што го даваат мерките кои се сега на сила. Во сите земји во Европа ваква комбинација на мерки даде резултат, а тоа е задолжителното носење на маски, забраната за групирање, елеминирањето на можноста да се групираат во  угостителски објекти подолг временски период,“ рече Филипче.

Министерот рече дека болницата во Прилеп е организирана, пациентите се сместени на пет одделенија мобилизирани се сите лекари, медицински сестри помошно технички персонал. Тој ја поздрави иницијативата на матичните лекари од градот кои се одзваа на апелот на градоначалникот да почнат да волонтираат во болницата како би го покриле отсуството на нивните колеги лекари кои се ковид позитивни и мора да бидат во излоација.

Филипче најави дека наскоро во Прилеп ќе започне тестирање со брзи тестови на пациенти како би се одредила патеката за нивно хоспитализирање, терк кој што веќе се применува во други болници низ државата.

Прилеп е во третина од градовите во нашата држава во кои се уште има благ пораст на инциденцата на новодијагнистоцирани случаи поседните две недели, во однос на оние претходни две. Но, и во Прилеп се бележи благо намалување на притисокот во однос на број на пациенти кои доаѓаат за преглед и преием во болницата.