Македонија Филипче: Има жртви од пожарот во ковид болницата во Тетово

Филипче: Има жртви од пожарот во ковид болницата во Тетово

Фото: Порталб

Министерот за здравство Венко Филипче пред малку на Твитер објави дека има жртви од пожарот што вечерва ја зафати ковид болницата во Тетово.

„Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов“, напиша министерот Филипче.

Филипче додаде дека пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Повредените лица итно се транспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, додека тимовите на клиниката се мобилизирани.

Во вечерашниов пожар изгоре ковид-центарот во Тетово, а снимките од лице место на настанот говорат дека пожарот се проширил со голема брзина.