Забава Фил Колинс се враќа на сцената

Фил Колинс се враќа на сцената

Фил Колинс изјави дека ја прекинува пензијата и планира нова турнеја.

„Официјално, повеќе не сум во пензија“, рече Колинс за магазинот „Ролинг стоун“ (Rolling Stone), додавајќи дека „коњот е надвор од шталата и одвај чека да потрча“.

Колинс (64) во 2011 година изјави дека ја напушта музиката „за да може целосно да биде татко на своите синови“. Славниот музичар нема објавено нов албум од 2002 година.

Покрај тоа, имаше и здравствени проблеми. Почна да го губи слухот, а на повратничката турнеја на „Џенесис“ во 2007 година ја повреди карлицата и нервите во рацете, заради што не можеше да тропа на тапани.