Јон Ајди, скопјанецот кој пишува, пее, компонира: Посакувам музиката да се цени повеќе

Пишува, компонира, пее и свири на инструменти, младиот Yon Idy (Јон Ајди) од Скопје со овие таленти претендира да го достигне врвот, зошто да не и на најголемите светски сцени.

Неодамна ја објави а сега ужива во успехот песната „Got Me All Down“. Во интервју за Порталб.мк, Јон зборуваше за тоа колку се цени музиката и како пандемијата влијаела врз музиката.

Јон Ајди започнал да пишува и компонира песни на 17-годишна возраст, додека инструментот го научил преку Интернет, но ова останува негова страст бидејќи она што му причинува задоволство на пејачот од Скопје е да создава, односно да компонира и пишува песни.

„Гитара почнав да свирам на 16 години, а научив преку Јутјуб, веднаш потоа видов дека тоа што најмногу ме радува е кога компонирам и пишувам оригинални работи, и потоа истите да ги изведувам. Значи, ако не на возраст од 16 години, веќе на 17 започнав да пишувам текстови и да компонирам свои песни. Со музика се занимавам веќе девет години,“ вели Ајди.

Песните ги пишува главно на англиски јазик, бидејќи претендира да привлече слушатели на неговата уметност од целиот свет, Јон истакна дека би сакал неговата музика уште повеќе да се цени во Северна Македонија.

„Главната причина е да стигне до поширока публика, на крајот на краиштата живееме во Северна Македонија и тука постои двојазичност на кое било ниво. Мојата желба е да ме ценат повеќе, да имам поширока публика. Иако ова не зависи од мене, она што зависи од мене е да произведувам што е можно повеќе материјал, а во моментов го правам тоа“, додава Ајди.

Пандемијата со коронавирусот дефинитивно влијаеше на секоја професија. Сепак, според Ајди, не е дека ова им наштети многу на уметниците, напротив, тој вели дека за време на карантинот бил „принуден“ да создава што е можно повеќе музика и ова е нешто позитивно.

„Во приватниот живот, како и секој нормален имаше негативни страни како стресот и стравот и сè друго поврзано со вирусот. Сепак, во врска со работата верувам дека беше позитивно затоа што на крај на краиштата нема што да правиш, принуден си да останеш дома, и само може да се зафатиш за работа, и така јас создадов многу повеќе материјал отколку што имав претходно создадено,“ додаде Ајди во интервјуто за Порталб.мк.

Најновата песна „Got Me All Down“ е авторска. Тој е исто така ко-продуцент на оваа песна снимена во „Студио Подрумот“, заедно со Ангел Ќосев. Во оваа песна има големо влијание на блузот, додека во продукцијата преовладува акустиката.

Стилот на Yon може да се опише како инди-поп. Со претходната песна Got Me All Down, влијанието на блузот станува сè по очигледно. Другите песни на Yon: Hold Me Close, Gentle, Walking the Line of Love, Waste No Love и Back Around.