Дописници Фестивал на новиот германски филм во Охрид

Фестивал на новиот германски филм во Охрид

Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во соработка со Амбасадата на СР Германија, годинава по 11. пат, го организираат Фестивалот на новиот германски филм, кој ќе трае до 13 октомври.

Свеченото отворање на фестивалот е вечерва, со почеток во 20 часот, со крим-сторијата „Роден во болка“.

Во наредните денови ќе бидат прикажувани филмовите: „Феникс“ – драма, „Хакери“ – трилер, „Лола на грашокот“ – детски филм, „Спасете го Рафи“ – детски филм и „300 збора германски“ – комедија.