Технологија Гаџети „Фејсбук“ се сели во виртуелната реалност

„Фејсбук“ се сели во виртуелната реалност

Социјалната мрежа „Фејсбук“ се сели во виртуелната реалност. Ваквите информации почнаа минатата година откако „Фејбук“ го купи „Окулус рифт“, а сега пристигнува и првата потврда.

Еден од челниците на „Фејсбук“, Крис Кокс, објави дека компанијата работи на апликација со која социјалната мрежа ќе се постави во виртуелната реалност. Според информациите од Кокс, корисниците ќе можат да „шетаат низ профили“ или да споделуваат содржини од своето опкружување со пријателите.

Сепак, развојот на апликацијата е во рана фаза и треба да мине уште многу време за самата идеја за виртуелен профил да биде остварена.