Хроника Фатен дилер на хероин во Гостивар

Фатен дилер на хероин во Гостивар

Во акција на гостиварската полиција, вчера во Гостивар е откриен дилер на хероин.

Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера извршиле претрес во куќата на 30-годишен гостиварец, лоцирана на улица Кеј Вардар.

Во домот бил затекнат и Ф.А. кај кого е пронајдена црна футрола за очила, која ја чувал во панталоните. Во неа имало поголемо пакување со 43 мали пакувања, за која првично е утврдено дека се работи за хероин.

Во координација со јавен обвинител, Ф.А. е приведен и задржан во полициската станица во Гостивар. Во текот на денов со соодветна пријава тој ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.